Skip to main content

Еклстон сака да се доделуваат медали

Сопственикот на Формула 1, Брни Еклстон предложи од следната сезона, на најуспешните возначи да им се доделуваат медали.

 |  Крсте Голабовски  | 
Berni Eklston
Берни Еклстон
Сопственикот на Формула 1, Брни Еклстон предложи од следната сезона, на најуспешните возначи да им се доделуваат медали.

Еклстон, предложи по терк на Олимписките игри и големите натпреварувања во другите спортови, на победниците на трката на свечената церемонија им се доделат златен, сребрен и бронзен медал.

„Сите со кои зборувава за овој предлог се пријатно изненадени и се надевам дека ќе го подржат“ изјави Еклстон.

Berni EklstonСпоред овој предлог, поените во генералниот пласман на возачите нема да ги добиваат најдобрите десет, туку само освојувачите на медали, и тоа првиопласираниот десет, воторопласираниот осум, а третопласираниот шест поени.

Одлуката за ова ќе ја донесат челниците на ФИА на состанокот во Монако на 12 декември.

 

 

{loadposition content9}