Skip to main content

Во О.У. „Нико Нестор“ поништен конкурсот за избор на директор

Драгица Добреска беше избрана за прв човек на оваа образовна институција, но сега ќе се соочи со реизбор.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Niko Nestor
Niko Nestor
Денес по втор пат се објавува конкурс за избор на прв човек на средното училиште „Нико Нестор“. Ова следи по претхоно поништениот оглас за директор на оваа образован институција. Конкурсот беше објавен на 20-ти претходниот месец и  на истиот аплицираа 4 кандидати. Моменталната в.д директорка Драгица Добреска, професорите Васил Максимоски, Јаковче Матлиески како и Маре Бојческа.

Niko NestorУчилишниот одбор повторно ја реизбра Добреска за прв човек на Нико Нестор. ТВМ дознава дека за неа гласаа 8 професори од вкупно 11. Се шпекулира дека  конкурсот е поништен по извршената контрола од страна на државниот просветен инспекторат. Наши извори не информираа дека  огласот е поништен поради една реченица, која била забелешка на инспекторите. Се шпекулира дека тие констатирале оти  во огласот недостасувала реченицата во која треба ба се прецизира крајниот рок  до кога ќе се изврши изборот.

Иако, како што тврдат извори на ТВМ оваа реченица речиси и да не се употребува при изборот на директор сепак е издржана забелешка. Поради ова, денес повтрно се распиша конкурс и за  8 дена треда да се одлучи кој ќе биде челник на „Нико Нестро“.
Инаку досега в.д директор е Драгица добреска, поставена откако од директорката фотеља си замина Мирјана Докоска.

 

 

{loadposition content9}