Skip to main content

Стружани со проекти ќе се вклучуваат за развој на планинскиот туризам

Невладините организации со проекти ќе аплицираат со цел што поскоро да се зашитат природните вредности на планината Јабланица.

 |  Билјана Ќосеска  | 
jablanica
Јабланица
Невладините организации со проекти ќе аплицираат со цел што поскоро да се зашитат природните вредности на планината Јабланица.

Стружани покажаа интес да учествуваат во развојот на планинскиот туризам. На повикот за поднесување на предлог проекти кои би допринеле за прогласување за национален парк на  планината Јабланица, интересот кај граѓаните е голем. Невладина организација,  се досетила  на која начин да се едуцираат населението кое живее во селата. Од таму сметаат  дека претседателите на месните заедници треба да знаат на како можат самостојно да аплицираат за финансирање  проекти. Една невладина организација  аплицирала за  поставување информативни табли на атрактивни места на Јабланица, додека друга,  како да се развиваат алтернативните форми на туризам.

„Имаше идеа за преадаптирање на бачило во туристичка атракција. Тука би можеле да претствојуваат туристи и да вкусат јако сирење или кисело млеко, тоа би бил одличен проект„-истакна  Ѓорги Иванов од „МЕД“.

JablanicaПланината Јабланица заслужува да биде прогласена за национален парк, бидејќи во 3 годишното истражување „Македонското еколошко друштво“ увиде дека подрачјето располага со многу вредности. За да се реализираат проектите и да се забрза прогласувањето за национален парк, пред се неопходна е подршка од локалните власти,  сметаат од „МЕД“. Невладината организација „Парумба“ кажува дека Локалната самоуправа ја подржува нивната  идеа за изградба на патека низ планината Јабланица.

„Сакаме да направиме патека која ќе ги поврзуа селата Калишта со Вишни како и Горна Белица. За ова имаме подршка од градоначалникот„-додава Христијан Ковачески  од „Парумба“.

МЕД заедно со Германската фондација „Еуронатур“ ќе финасира само 15 проекти, за таа намена одвоени се околу 45 илјади евра. За почеток се доволно, па се надеваме дека со реализација на проектите за развој на планинскиот туризам ќе придонесат за заштита на планината Јабланица.

 

 

{loadposition content9}