Skip to main content

Германците са најголемите песимисти во Европa

Германците во целина се поголеми песимисти за иднината отколку која и да било друга европска нација, покажува заедничкото проучување на двата социолошки институти во земјата.

 |  Крсте Голабовски  | 
germanci
германци
Германците во целина се поголеми песимисти за иднината отколку која и да било друга европска нација, покажува заедничкото проучување на двата социолошки институти во земјата.

Анкетата е извршена од Центарот за социолошки проучувања во Берлин и Центарот за социолошки проучувања и методологија во Мајнхајм.

Истражувањето утврдило дека само 30 отсто од Германците веруваат дека ќе биде подобро во следните пет години – процент кој е помал од просечното ниво за 27-те земји на ЕУ.

„Можеби тој песимизам се должи на нешто во германската култура“, рече Хајнц-Херберт Нол, еден од главните социолози во Мајнхајм.

germanciВо Велика Британија 51 процент се оптимисти за следните пет години, а во Естонија иднината е дури уште посветла. Естонците се на прво место со 65 отсто, кои дале позитивна прогноза.
Проучувањето опфати илјадници Европејци, но е спроведено пред почетокот на глобалната финансиска криза. Тоа покажува дека населението на поранешна Источна Германија е дури попесимистичко од луѓето во западниот дел.

„И покрај тоа што Германија е една од најпросперитетните држави, луѓето таму се преокупирани со мрачни мисли“, додава Нол.

„Незнам дали затоа што како Германец ми е карактеристично да бидам песимист, но сметам дека финансиската криза нема да ги направи Германците поголеми оптимисти во скоро време“, оцени тој.

Близо до дното на скалата, со голем процент на песимизам, исто така се Чешка, Унгарија и Австрија.
Скандинавските земји и Ирска, заедно со Естонија, се најоптимистично настроени, покажува проучувањето.

 

 

{loadposition content9}