Skip to main content

Лазе и Трајанка Германоски брачен пар со најдолг стаж

По повод неделата на старите лица Црвениот крст од Охрид избра пар со најдолг брачен стаж, најстар активист на оваа организација како и најстар жител на Охрид.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Crven Krst Ohrid
Црвен Крст Охрид
По повод неделата на старите лица Црвениот крст од Охрид избра пар со најдолг брачен стаж, најстар активист на оваа организација како и најстар жител на Охрид.

Лазе и Трајанка Германоски 70 години се заедно и во добро и во зло. Тие како пар својот заеднички живот го започнале во далечната 1938 год. Чичко Лазе вели „Бев убаво момче па ја прелагав Трајанка која беше многу млада“.Најголемиот дел од својот живот дури 40 години го поминале во далечната Австралија каде им се родиле седум деца. Но, носталгијата ги натерала пред четири години да се вратат во Македонија. Сега живеат во селото Лескоец во куќата која чичко Лазе на младост сам ја изградил. За нивниот заеднички живот велат дека е како сонце и дожд.

Чичко Лазе сега има 93 години а Тетка Трајанка е десет години помлада од него. Сепак нејзиното здравје е покревко па и е потребна поголема помош и нега.

Laze i Trajanka GermanoskiДенес покрај брачниот пар со најдолг стаж беше прогласен и најстариот активист на Црвениот крст. Ѓоре Бујароски повеќе од 50 години несебично ја покажува својата хуманост. Тој вели дека во повеќе наврати спасил и човечки живот.

Највозрасна  активистка  на Црвениот крст од Охрид е Елена Рибароска, а  најстарата жителка на Охрид е Арнаудова Цвета. Таа има 99 години е и првиот дипломиран правник во Македонија која по завршувањето на студиите дошла да работи во градов. Денес поради здравствени причини Госпоѓа Арнаудова не можеше да присуствува на малата свеченост која ја организира Црвениот крст па активисти од оваа организација ќе ја посетат во нејзиниот дом каде ќе и го врачат подарокот.

 

 

{loadposition content9}