Skip to main content

Тотенхем се спаси од зоната на испаѓање

Фудбалерите на Тотенхем, дома го совладаа Блекбурн со 1:0 и така излегоа од зоната на испаѓање по прв пат од почетокот на сезоната.

 |  Крсте Голабовски  | 
Totenhem
Тотенхем
Фудбалерите на Тотенхем, дома го совладаа Блекбурн со 1:0 и така излегоа од зоната на испаѓање по прв пат од почетокот на сезоната.

Единствениот гол на Вајт Хајт Лејн го постигна рускиот репрезентативец Роман Павличенко во 9-та минута, на асистенција на одличниот Арон Ленон. Гостите од 39-та минута играа со 10 играчи, кога Мартин Олсон доби втор жолт картон, па до крајот речиси ниту еднаш не биле во можност да изедначат.

TotenhemТотенхем сега се наоѓа на 15-то место со 15 поени, додека Блекбурн се наоѓа на претпоследното место со два поени помалку.

Во вториот натпревар на денот, Вест Хем го победил Сандерленд на гости со 1:0 со голот на Берхами во 20-та минута.

 

 

{loadposition content9}