Skip to main content

СОНК: Штрајкот во образованието почна, со исклучок на неколку места

Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк.

SONK
СОНК
Вработените во градинките, основното, средното и високото образование, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк.

Наставниците во градинките и училиштата се на своите работни места и ги прифаќаат децата и учениците, но не извршуваат образовно-воспитна функција.

„Штрајкот секаде почна. Има пет-шест исклучоци каде што штрајкот не е почнат, поради притисоци од директори или од градоначалници, изјави Дојчин Цветановски“, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, организаторот на штрајкот.

Dojcin CvetanovskiТој додаде дека се уште ги собираат податоците од терен и нив ќе ги соопштат на прес-конференција во 14 часот.

Одлуката за генерален штрајк Советот на СОНК ја донесе во саботата по неуспешните преговори со Владата за исполнување на нивните барања. СОНК бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитание на деца, за високо образование, за наука, измените и дополнувањата на колективниот договор за култура, и сите да се применуваат од први јануари 2009 година. Надоместот за храна да изнесува 20 проценти од просечната плата во државата и да се применува од почетокот на следната година, а надоместот за превоз да биде во висина на реалните трошоци што работникот ги плаќа за одење до работното место и враќање дома.  

СОНК, исто така, бара на вработените со подолг ангажман на определено време работниот однос да им биде трансформиран во неопределено време.

 

 

{loadposition content9}