Skip to main content

Пад на невработеноста во Струга

Иако нема конкретни податоци колку нови вработувања има во текот на оваа година, сепак Владата отвара можности за  подобрување на состојбата, вели првиот човек на Агенцијата за вработување.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Zavod za vrabotuvanje
Zavod za vrabotuvanje
Иако нема конкретни податоци колку нови вработувања има во текот на оваа година, сепак Владата отвара можности за  подобрување на состојбата, вели првиот човек на Агенцијата за вработување.

Невработеноста во Струга се намалува. Граѓаните  во последо време лесно се снаоѓаат да дојдат до работа. Иста е состојбата и со  работодавците, тие  ги отвараат ширум вратите  за нови кадри. Намалувањето на невработеноста во градот е очигледна.

При спроведената анкета во градот, поголем број од анкетираните се изјаснија дека има подобрување односно се повеќе се вработуваат лица.

Zavod za vrabotuvanjeЗабелешката на граѓаните се однесува на тоа дека  при вработувањето ако  работодавецот е албанец, истиот вработува само албанци а не и македонци. Ваква е состојбата и со македонците, коментираат стружани. Во градот факт е дека сите големи фабрики  се затвараат но се отвараат нови приватни фирми. Џевит Зиба, директорот на Агенцијата за вработување од Струга, оценува дека има подобрување во однос на вработувањето. Вели сеуште не е прецизирано колкава е бројката на навработени, но факт е дека Владата на Р.Македонија преку разни проекти превзема мерки за да се налами.

„Јас би истакнал неколку проекти  пример тој за вработување на самохрани раодители и деца без родители. Со овој проект се вработија 10-тина лица додека со другиот за самовработување околу 17. Со вакви или слични проекти полека се намалува невработеноста„-истакна Џевит Зиба, директор на Агенц.за вработување-Струга.

Преку ваквите проекти очигледно е дека расте бројот на вработени лица. Конкренто во Струга како и во секој останат град, за жал реално не може да се прикаже колкав е бројот на невработенени бидејќи многу од граѓаните работат на црно. Доколку во иднина продолжат сасилените контроли за евидентирање на вработените тогаш би можеле да ја видиме реалната проценка на невработените во Струга, вели директорот на Агенцијата. Според последните податоци од агенцијата за вработување во градот се регистрирани 9 илјади 335 невработени.

 

 

{loadposition content9}