Skip to main content

Животот и делото на, M-р Најденко Попоски презентирано во монографија

Промоцијата се случува две години по неговата смрт. Дело е на Петре Бакески, а по иницијатива на неговото семејство во знак на почит и сеќавање.

 |  Тања Кувенџиска  | 
monografija
монографија
Две години по смртта на основачот на Охридска банка, м- р Најденко Попоски, се промовира Монографија посветена на неговиот живот и дело.  Големиот број пријатели и соработници, во присуство на членовите од неговата фамилија, уште еднаш се потсетија за човекот кој целиот свој живот го посвети на развојот на општината.
Објавувањето на една ваква монографија од страна на семејството претставува гест за почит кој сигурно ќе остави трага врз новите генерации, истакна градоначалникот Александар Петрески.

promocijaБлискиот соработник и пријател, Иван Голабоски, монографијата ја нарече мало уметничко дело. делото претставува своевиден времеплов за општествено- економските и политички случувања во општината, гледани низ призмата на будното око на Најденко, рече Голабоски.

За животот и делото на Најденко Поповски зборуваше и неговиот долгогодишен соработник Петар Теговски кој истакна дека Најденко Поповски не беше само врвен експерт, туку и филантроп, подржувач на културата, уметноста и спортот. Монографијата е само потсетник на неговите големи дела, а содржи говори, размислувања и ставови на м-р Најденко Поповски. семејство ја објави во знак на почит и сеќавање кон него.

 

 

{loadposition content9}