Skip to main content

Втор ден на штрајкот на просветарите

Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

ucilnica
училница
Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Според СОНК. во првиот ден од штрајкот учествувале од 95 до 97 отсто од засегнатите институции, а врз некои училишта е вршен силен притисок од директори, но и од повисоко ниво.

Најголем дел од училиштата кои не учествувале во штрајкот се од општините Ѓорче Петров, Карпош, нешто помал дел од училиштата во општина Гази Баба и по некое училиште во неколку други општини.

Според претседателот на СОНК Дојчин Цветановски, под силен притисок на директорите биле училиштата „Страшо Пинџур“ и „Братство“ од општина Карпош, „Гоце Делчев“ во село Лисиче – Скопје, Средното музичко училиште во Штип, скопското основно училиште „Ј.Х. Песталоци“, како и во основното училиште во село Јосифово. Некои од тие училишта не работеле, но некои поради притисокот држеле настава.

Niko NestorСОНК изрази надеж дека денеска кон штрајкот ќе се приклучат и оние училишта кои не штрајкувале во понеделникот.

Синдикатот бара да се потпишат колективни договори како и останатиот дел од државната администрација, со кои ќе им се изедначи порастот на платите со другите корисници на државниот буџет. Просветните работници бараат хранарината да им биде 20 проценти од просечната плата, а превозот да одговара на реалните трошоци.

СОНК бара и да се регулира работниот статус на лицата кои со години работат со договори на определено време.

 

 

{loadposition content9}