Skip to main content

Груевски во посета на Норвешка

Продлабочување на политичко – економската соработка, како и интегрирањето во НАТО, ќе бидат теми во фокусот на посетата на Норвешка, што македонскиот премиер ја почнува денеска.

Nikola Gruevski
Никола Гуревски
Продлабочување на политичко – економската соработка, како и интегрирањето во НАТО, ќе бидат теми во фокусот на посетата на Норвешка, што македонскиот премиер ја почнува денеска.

Norvesko znameКако што е соопштено во Скопје, премиерот Никола Груевски ќе има средби со неговиот норвешки колега Јенс Столтенберг, како и со министерката за одбрана, Ане-Грете Стром-Ериксен.

Предвидено е во рамки на дводневната посета, Груевски да биде примен и од норвешкиот крал Харалд V и од претседателот на Собранието Торбјорн Јагланд.

Груевски предводи владина делегација, во која се вицепремиерот Абдулаќим Адеми, министерот за одбрана Зоран Коњановски, како и националниот координатор за НАТО, амбасадорот Никола Димитров и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.

 

 

{loadposition content9}