Skip to main content

Струшкиот огранок на СДСМ ги започна подготовките за претстојните избори

Во јавноста се споменуваат имињата на потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија.

 |  Билјана Ќосеска  | 
zname
знаме
Опозиционата СДСМ од Струга потајно се подготвува за претстојните локлни избори. Во јавноста веќе се шпекулира кои имиња ќе се најдат на листата за потенцијални кандидати за прв човек на градот. Моментално во јавноста се спомнуваат имињата на четири партиски членови на СДСМ. Очекувано е името на првиот човек на струшкиот огранок на партијата Александар Попоски, покрај него се шпекулира дека можен кандидат ќе бидат двајцата советници  од оваа партија, Илија Мацески и слободан Маркоски,  како и Даме Ложанскоски, секретар на струшкиот огранок.

SDSM StrugaНа идеата на ВМРО ДПМНЕ со заеднички кандидат да се настапи на локалните избори со цел Македонец да биде градоначалник од СДСМ рекоа дека  оваа идеа е добра, но лошо е да се  игра на националната карта. Додаваат дека се отворени за соработка со сите политички партии.

Иако од огранокот потенцираа дека сеуште е прерано да се официјализира програмата по која би работеле, сепак партиски извори на СДСМ не информираа дека веќе се превземаат скромни подготовки. Неофицијално од синоќа започнаа посетите по месните комитети, со цел партиските членови да дадат свој предлог  која личност од оваа партија би  била најсоодветна за прв човек на Струга. ТВМ дознава дека до средината на декември треба дефинитивно да се објави листата со потенцијалните кандидати, а потоа крајниот збор ќе го има централното раководство.  
Од СДСМ очекуваат дека претстојните локални избори ќе се спроведат во фер и демократска атмосфера.

 

 

{loadposition content9}