Skip to main content

Министерството за Локална самоуправа ќе го стопира ДУП-от за 8 урбана заедница

Како што за ТВМ изјави потпаролот на ова министерство, Ели Чакар, од страна на инспекторатот при министерството, утврдено е дека ДУП- от е усвоен спротивно на уставот и законот.

 |  Тања Кувенџиска  | 
DUP
DUP
Како што за ТВМ изјави потпаролот на ова министерство, Ели Чакар, од страна на инспекторатот при министерството, утврдено е дека ДУП- от е усвоен спротивно на уставот и законот.

 

Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа подготвува решение за запирање на примената на одлуката со која советот го изгласа ДУП за 8 урбана заедница.

Потпаролот на министерството, Ели Чакар, за ТВМ изјави дека причина е утврдената незаконитост и против- уставност на одлуката со која се усвои урбанистичкото решение. Ова го утврдиле службите на инспекторатот кога ја разгледувале донесената одлука на советот.  

BejbunarИмено, според член 71 од Законот за локална самоуправа, градоначалникот има обврска секоја донесена одлука на советот, во рок од десет дена, да ја достави до надлежното министерство. Доколку тоа смета дека одлуката не е во согласност со Уставот и законот, во рок од 45 дена од денот на доставување, донесува решение за запирање на примената на одлуката. Како што е во овој случај за донесениот ДУП за 8 УЗ.

По објавување на ваквото решение во службен весник, министерството во рок од 30 дена, до Уставниот суд поднесува иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на запрената одлука.
Важноста на решението за запирање на примената на одлуката со која е донесен ДУП- от престанува, само во случај- постапката да не се покрене во дадениот рок. Само тогаш одлуката станува повторно извршна.

 

{loadposition content9}