Skip to main content

Над 75 % од жителите на Гренланд се за поширока автономија

Повеќе од 75 проценти од жителите на Гренланд вчера гласаа за поширока автономија, со што се отвори можност за независност од Данаска.

 |  Крсте Голабовски  | 
Grenland
Гренланд
Повеќе од 75 проценти од жителите на Гренланд вчера гласаа за поширока автономија, со што се отвори можност за независност од Данаска.

„За“ поширока автономија се изјасниле 75,54 проценти од гласачите, а „против“ биле 23,57 отсто. За неважечки ливчиња прогласени се 0,89 проценти.

GrenlandИзлезноста на референдумот била 71,96 отсто, што во споредба со референдумот од 1979 година е поголема, кога жителите на Гренланд што гласаа за автономија беше 63,2 проценти. Право на глас имаа околу 39.000 луѓе од 80 населени места.
Пошироката автономија за Гренланд значи право да располагаат со сопствените суровини и ресурси на нафта, природен гас, злато, дијаманти,уУран, цинк и олово. Како и грендландскиот да стане официјален јазик на Островот.

Автономијата ќе стапи на сила од 21 јуни 2009 година, кога се навршуваат 300 години од почетокот на данската колонизација на Гренланд.
Населението на Гренланд брои 57.000 луѓе, од кои 50.000 се Ескими, а 7.000 се Данци. Од 1979 година Островот има автономен статус.

 

{loadposition content9}