Не пушете на места каде се произведува, продава и консумира храна
Од први декември нема рекламирање на цигари на тенди, пепелници, чадори и останатаи реквизити. Пазарните инспектори секојдневно се на терен и го спроведуваат Законот за заштита од пушење.
забрането пушење
Општинскиот пазарен инспекторат ригорозно го спроведува Законот за заштита од пушење. Со него се забранува пушење во јавни простории како што се болници, градинки, училишта, спортски сали како и во простории каде се произведува, продава послужува и консумира храна. Им се препорачувана сопствениците на ваквите објекти да ги почитуваат правилата бидејќи казните се многу високи и изнесуваат од 2000 до 4000 евра, вели Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарната инспекција во Охрид.
Од први декември се забранува секакво рекламирање на цигари. Праксата која ја имаа угостителите да ставаат тенди или пепелници со логото на некој вид цигари не смеат повеќе да ја применуваат. Се забранува и организација на манифестации на кои ќе се рекламираат цигари. Законот за заштита од пушење е дециден. Секое правно или физичко лице кое ќе го прекрши подлежи на казна и тоа во вредност од 50 евра па нагоре.
Примената на законот за заштита од пушење се пролонгира во клубовите, ноќните клубови и кабареа. Во овие објекти ќе почне да се спроведува од 1 јануари 2010 год.

{loadposition content9}