Skip to main content

Стопирана реализацијата на ДУП за 8- ма урбана заедница

Министерството за Локална самоуправа пресече- планот е донесен спротивно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

 |  ТАња Кувенџиска  | 
U.E 2
У.Е 2
Министерството за локална самоуправа денес донесе решение за запирање на одлуката со која беше донесен Деталниот урбанистички план за 8 урбана заедница.

Тоа значи дека во целост се стопира реализацијата на ова урбанистичко решение се до конечната одлука која треба да ја донесе Уставниот суд.
Министерството за локална самоуправа утврдило дека: донесениот ДУП за 8 УЗ не е во согласност со член 25 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Во образложението како причина се наведува што советот го донел планот и покрај тоа што надлежното министерство на 21 октомври ја огласило за ништовна претходно дадената согласност за неговото носење. Како што рече потпаролот на Министерството за локална самоуправа, Ели Чакар, за тоа навреме била известена Локалната самоуправа.
Согласно тоа, одлуката не може да егзистира.

BejbunarОстанува да се чека одлуката на Уставниот суд. Како што ТВМ вчера информира, согласно член 71 од Законот за локална самоуправа, по објавувањето на ваквото решение во службен весник, министерството во рок од 30 дена, се очекува до Уставниот суд да поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на запрената одлука.

 

 

{loadposition content9}