Skip to main content

Нема категоризација, но има казна

Сите хотелски објекти каде не е направена категоризација или истата не е истакната на видно место подлежат на казни. Пазарните инспектори ги прочешлаа сите објекти.

 |  Лионела Јаковлева  | 
hotel Garden
хотел Гарден
Хотелите кои немаат категоризација ќе платат казна, а во најлош случај ќе бидат затворени 15 дена. Пазарната инспекција го спроведува Законот за туристичка и угостителска дејност. Категоризацијата треба да биде означена со ѕвездички и да биде поставена на видно место. Инспекторите во изминативе денови направија контрола во сите хотелски објекти освен во оние кои во овој период од годината не работат.

Gorgi BosalevskiДоколку хотелскиот објект каде е констатирана неправилност во врска со категоризацијата не ја плати мандатната казна се поднесува барање за прекршок до комисијата за туризам.

Сите оние хотелски објекти каде не е направена категоризација треба да се обратат до секторот за туризам и угостителство каде е формирана комисија која ја врши истата.

 

 

{loadposition content9}