Skip to main content

Во Познан почнува 14-та конференција на ОН за климатски промени

Во полскиот град Познан од денеска до 12 декември ќе се оддржи 14-ата конференција за климатски промени на ОН, пренесоа светските агенции.

 |  Крсте Голабовски  | 
Konferencija za klimatski promeni
Конференција за климатски промени
Во полскиот град Познан од денеска до 12 декември ќе се оддржи 14-ата конференција за климатски промени на ОН, пренесоа светските агенции.

На форумот учествуваат министри за животна средина и делегати од 150 земји.
Цел на конференцијата е да се постават основите на идната спогодба, која ќе ги соддржи барањата за намалување на емисиите на штетни гасови по 2012 година, кога заршува Протоколот од Кјото.

PoznanОвој договор 192-те земји потписнички на Конвенцијата за климатските промени на ОН ќе го финализираат во Копенхаген во 2009 година.

Конференција во Познан се организира во момент на продлабочување на финансиската криза. САД на конференцијата за последен пат ќе бидат претставени од претставници на администрацијата на Џорџ Буш. Новоизбраниот претседател на САД Барак Обама веќе вети дека ќе направи напори до 2020 годона да ги намали емисиите на штетни гасови во САД до нивното ниво од 1990 година.

Лошата вест за конференцијата во Познан е дека паралелно со неа во последните денови ќе се оддржи и самит на ЕУ, на кој европските лидери ќе ги разгледаат и прашањата поврзани со борбата со климатските промени, и за време на овие дебати на површина ќе се појават нивните различности за темата. Овие разлики можат да влијаат и врз конференцијата во Познан.

 

 

{loadposition content9}