Skip to main content

Oдбележан јубилејот 25 години постоење на КУД Отекс

Со игра и песна, играорците и музичарите од друштво им приредија на охриѓани незаборавен културен настан.

 |  Валентина Нелоска  | 
vodarka
водарка
Со игра и песна, играорците и музичарите од друштво им приредија на охриѓани незаборавен културен настан.

Играорцита на КУД „Отекс“ ја растреперија и разнежнија многубројната  публика,  присутна на одбележување на 25 годишниот јубилеј.

Играорците со својата грациозна игра, а музичарите со беспрекорната изведба на македонските ора не оставија рамнодушен ниту еден посетител  во салата.
Со звуците на „Билјана платно белеше “започна гала концертот, кој потоа продолжи со познатите македонски сплетови Водарки, Тресеница, Калајџиско, со  колаж од ора од Егејска Македонија, за да кулминира со сплетовите  Повардарие и Источна Македонија.

K.U.D. OtexНеуморните играорци  со својот настап приредија двочасеовен прекрасен и незаборавен  културен настан. Прекрасната сценографија го долови и нашиот богат етно амбиент. Истовремено ,организаторите на концертот  покажаа дека едноставната сцена на центарот за култура, со ентузијазам и љубов може да се преобрази во простор достоен за одржување на ваков гала концерт.На свечениот концерт му претходеше изложба на фотографии  од 25 годишното постоење, како печат што го оставиле генерациите кои продефилирале низ овој ансамбл.
 
Телевизија ТВМ на КУД Отекс му посакува и понатаму  да биде успешен културен амбасадор на нашиот  град и земјава.

 

{loadposition content9}