Skip to main content

Меѓународен договор за забрана на касетните бомби

Во главниот град на Норвешка, Осло на денешната конференција ќе биде потпишан Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби. Предвидено е на Конференцијата да учествуваат претставници од повеќе од 100 држави.

 |  Крсте Голабовски  | 
kasetna bomba
касетна бомба
Во главниот град на Норвешка, Осло на денешната конференција ќе биде потпишан Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби. Предвидено е на Конференцијата да учествуваат претставници од повеќе од 100 држави.

Иницијативата за потпишување на Меѓународниот договор за забрана на касетните бомби е покрената поради големиот број на цивилни и воени жртви од овие експлозивни направи уште долго време по завршување на војните.

OsloКасетните бомби се создадени за врема на Втората светска војна за уништување на тенковите во ненаселените воени подрачја, но оттогаш во различни војни се користени и во населените места.

Касетните бомби се распрснуваат во стотина ситни експлозиви, мини-бомби, од кои многи не експлодираат при пад на земја, поради што се сметаат за најопасни неексплодирани средства.
Официјален Вашингтон тврди дека касетните бомби се неопходни за заштита на американските војници и затоа претставник на САД нема да присуствува на состанокот во Осло.
САД во последната деценија користела касетни бомби во населените области на Авганистан, Ирак и во Косово, додека Израел ги користел во селата во Јужен Либан.

„САД за време на војната во Виетнам фрлаше касетни бомби во Лаос, каде „остатоците“ експлодираат и денес, по 30 години.

 

 

{loadposition content9}