Skip to main content

Училиштата во охридско-струшкиот регион започнаа со настава

На часовите не дојдоа само оние ученици кои не биле информирани оти денес се започнува со настава. Сеуште неизвесно, на кој начин струшките средношколци  ќе ги надополнат изгубените часови.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Niko Nestor
Нико Нестор
На часовите не дојдоа само оние ученици кои не биле информирани оти денес се започнува со настава. Сеуште неизвесно, на кој начин струшките средношколци  ќе ги надополнат изгубените часови.

По десетдневникот штрајк денес  во  сите училишта во охридско-струшкиот регион, се оджува  настава. Учениците седнаа во училишните клупи и наставата се одвиваше вообичаено. Раководителот на одделението за образвование при општина Струга, Џејми Хајредини, не информира дека денес 90% од учениците беа на училиште, останатиот дел биле отсутни бидејќи како што рече тој не биле информирани оти денес ќе се одсржува настава.

Niko NestorКај струшките средношколци сеуште постои  дилема на кој начин ќе се одржат изгубените часови, бидејќи како што е познато во јавноста, тие поради протестите за воведување етнички смени испуштија многу часови.
Хајредини, истакна дека сеуште не се знае на кој начин ќе се надополнат изгубените часови во средношколскиот центар. Додаде дека ќе се изнајде соодветено решение  прифатливо за сите. Директорите двете средни училишта, Нико Нестор и Ибрахим Темо, истакнаа дека во моментов ќе се одработуваат само оние часови кои беа изгубени поради протестот  на учениците, додека за штрајкот на СОНК допрва ќе се одлучува како и дали воопшто ќе се одржуваат изгубените часови.

 

 

{loadposition content9}