Skip to main content

Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид

Претставници на здруженијата на хендикепираните лица на традиционална средба со градоначалникот на Охрид. На неа беа изложени проблемите и достигнувањата на здруженијата во текот на оваа година како и нивната соработка со локалната.

 |  Лионела Јаковлева  | 
znak
знак
Претставници на здруженијата на хендикепираните лица на традиционална средба со градоначалникот на Охрид. На неа беа изложени проблемите и достигнувањата на здруженијата во текот на оваа година како и нивната соработка со локалната.

Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид. Традиционално, охридскиот градоначалник со претставниците на здруженијата на хендикепирани лица одржа средба на која беа изложени нивните проблеми и достигнувања во текот на оваа година. Петрески кажа дека многу е направено, но и многу допрва треба да се направи за подобрувањето на квалитетот на животот на овие лица. „Локалната интензивно работи на тој план, а со преминувањето на општината во втора фаза на децентарлизација и добивање на поголеми ингеренции ќе се прави уште повеќе“, додава Петрески.

Од Здружението на глуви и наглуви лица се пофалија дека соработката со локалната им е на завидно ниво. Тие истакнаа дека во изминатиов период се изработени неколку проекти, а како иден позначаен  го посочија проектот„Информација за сите без предрасуди“ . Со него се предвидува емитување на вести, прилагодени за следење од страна на лицата со оштетен слух. Проектот е изработен на иницијатива на локалната. Финансиски е подржан од општина Охрид и од Телевизија ТВМ во рамките на чија што програма ќе се емитуваат вестите.
 
sostanok so hendikepiraniОд Здружението на глуви и наглуви лица велат дека  со реализацијата на овој проект Охрид после Скопје е прва општина каде лицата со оштетен слух ќе имаат можност да следат програма со јазикот на знаците.

Од Здружението на телесни инвалиди  кажаа пак дека оваа година за нив била најтешка поради измените на Законот за инвалидско осигурување. На соработката со локалната власт немаа некои забелешки.

Ваквите средби сите присутни ги оценија како многу корисни и како можност плус да се кажат проблемите и да се изнајде соодвретно решение.

 

 

{loadposition content9}