Skip to main content

Колекторскиот систем во функција 20 години

Црни точки се  делот од Пештани до Св.Наум,  како и од „Елен Камен“ до Радожда. Надлежните најавија дека за скоро време ќе се реши и тој проблем.

 |  Билјана Ќосеска  | 
kolektor
колектор
Црни точки се  делот од Пештани до Св.Наум,  како и од „Елен Камен“ до Радожда. Надлежните најавија дека за скоро време ќе се реши и тој проблем.

Водата во Охридското езеро е чиста. Колекторскиот систем заедно со Прочистителната станица, постои   веќе 20 години и  непрекинато  функционира а со тоа  овозможува одржување на чистата вода во  езеро. Анализите покажуваат дека во близина  на колекторскиот систем  водата е чиста од 95 до 97%. Горлив проблем се местата каде нема изградено колекторски систем за прибирање отпадни води. Во Охрид, црна точка е делот од Пештани до Св.Наум, додека во Струга, од „Елен Камен“ до Радожда.

„За идната година е во план изградба на колектор на потегот „Елен Камен“ до Радожда а во тек е и проектот за изградба на колекторски систем во Пештани. Реализирањеро на проектите ќе допринесат да 70% од водата  во охридското езеро од македонска страна да биде чиста“-вели Ваит Ајро, РЕ Колектор Струга.

sostanokПостојано се трудиме да го одржуваме колекторскиот систем и успеваме во тоа, вели Ајро. За тоа да се направи пред се се неопходни донации, странски но и и средства од општината. Градоначалникот на Струга вели дека и за овој град е од големо значење функционирањето и одржувањето на колекторскиот систем.

„Колекторскиот систем е спас за Охрид и Струга. Со неговото функционирање ги враќа исчезнатите ендемски видови во водата“-истакна градоначалникот Рамиз Мерко.

Заштитата на Охридското езеро од отпадните води е  приоритет  и на министерството за Екологија.

„Изградбата на новите 6 пумпни станици  се за зачувување на охридското езеро од отпадни води а тоа ќе помогне кон енергерска ефикасност на работата на прочистителната станица на Проаква“-истакна Неџати Јакупи, министер за  Екологија.

Тој беше присутен на денешната свеченост на МЈП Проаква односно РЕ Колектор,  по повод прославата на свеченото давање во употреба на првата фаза од проектот „Рехабилитација  на пумпните  станици Охрид-исток. Овој проект е донација од швајцарсктата влада во вредност од 1 милион швајцарски франци. Оваа донација е неопходна за понатамошно стабилно функционирање на колекторскиот систем, велат стручните лица.

 

 

{loadposition content9}