Skip to main content

Кристиано Роналдо добитник на „Златна топка

Фудбалерот на англискиот клуб „Манчестер Јунајтед“, Португалецот Кристиано Роналдо ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во Европа за 2008 година во анкетата на француското списание „Франс Футбол“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ronaldo
Роналдо
Фудбалерот на англискиот клуб „Манчестер Јунајтед“, Португалецот Кристиано Роналдо ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер во Европа за 2008 година во анкетата на француското списание „Франс Футбол“.

Резултатите од анкетата беа познати уште на 2 декември, но наградата му беше врачена денеска на грандиозна свеченост, која директно се пренесуваше на француската телевизија.

Kristiano RonaldoНа церемонијата присуствуваше целото семејство на Роналдо, како и неговиот тренер Алекс Фергусон.

„Многу сум среќен. Ова е мојата желба уште од детство. Отсекогаш сум посакувал да ја добијам оваа награда еден ден. Многу сум возбуден, многу сум радосен и би сакал оваа награда да му ја посветам на моето семејство, кое ми помогна да стигнам до тука“, изјави Роналдо по врачувањето на „Златната топка“.

 

 

{loadposition content9}