Skip to main content

Името е услов и за безвизен режим

Укинувањето на визите за македонските граѓани зависи од името, изјави синоќа во Брисел шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, чија земја го привршува претседавањето со ЕУ.

Bernar Kusner
Бернар Кушнер
Укинувањето на визите за македонските граѓани зависи од името, изјави синоќа во Брисел шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, чија земја го привршува претседавањето со ЕУ.

Без разлика дали станува збор за напредокот кон ЕУ или за укинување на визниот режим Македонија треба да го реши спорот за името со Грција, неколку пати повтори Кушнер на конференција за новинари во Брисел, пренесе Алсат-М телевизија.

Bernar Kusner„Не можам, а да не додадам дека проблемот на Македонија е името. И искрено можете да ми поставувате прашања за визите или за напредокот, се додека не го решите проблемот со името, чукате на погрешна врата. Овој проблем треба да се реши. Не кажувам повеќе но ситуацијата, после долги месеци се чини многу, многу комплицирана за еден толку едноставен проблем“ рече Кушнер.

Комесарот на Европската унија за проширување Оли Рен како клучни за напредокот на Македонија кон унијата ги наведе изборите што треба да се одржат следната година.

Мојата порака е дека има виден напредок во реформите во однос на изборите и судските реформи во земјава, но истовремено треба уште многу да се работи, а изборите следната година ќе бидат значаен тест, бидејќи треба да бидат слободни и фер и да ги исполнат меѓународните стандарди, рече Рен.

 

 

{loadposition content9}