Skip to main content

Совесно со електричната енергија

Нашиов град интензивно се подготвува за новогодишните празници, и според локалната, годинава тоа треба да биде нешто досега невидено.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ohrid
Охрид
Нашиов град интензивно се подготвува за новогодишните празници, и според локалната, годинава тоа треба да биде нешто досега невидено.

Но, се поставува прашањето, колку електрична енергија ќе биде потребна за тоа и секако кој ќе плати за неа?

OhridПоследниве неколку месеци во Македонија доста актуелна беше темата за електричната енергија, посебно оној дел кој нас обичните граѓани најмногу не интересира, а тоа е нејзината цена. Се најави едно поскапување, па се оствари, па сега се највува уште едно, кое како стојат работите и тоа ќе се оставри, а сепак  нашиот градски татко најави невидено осветлување за новогодишните празници. Од ЕВН пак едниствено со апел за енергетска свест и совесно и рационално трошење на електричната енергија, за грејните тела и така натаму и секако и за новогодишните сијалички кои па и не трошеле кој знае колку многу електрична енергија.
Кога американците можат да си внимаваат и само по неколку часа да им светат божикните сијалички на елката пред Рокфелер плаза хотелот, во центарот на Њу Јорк, ние македонците изгледа си се однесуваме како самиот Рокфелер, само нека свети, кој знае можеби поубава ќе ни биде 2009-та година.

 

 

{loadposition content9}