Skip to main content

Македонските ракометарки совладани од швеѓанките

Репрезентацијата на Македонија загуби од Шведска со 24:23 во натпреварот што вечерва се одигра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на Европското првенство во ракомет за жени.

 |  Крсте Голабовски  | 
Meceska
Меческа
Репрезентацијата на Македонија загуби од Шведска со 24:23 во натпреварот што вечерва се одигра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на Европското првенство во ракомет за жени.

Првото полувреме го одбележа Тодоровска, сите наши напади одеа преку неа, ги постигна првите пет погодоци за нас.На половината од првото полувреме имавме најголема негатива од три гола 8:5, но со серија од 3:0 во 20. минута дојдовме до изедначување од 9:9, а потоа и поведовме со 10:9 со осмиот погодок на Тодоровска.

rakometarkiДо крајот на полувремето играта беше израмнета, се играше гол за гол за конечни 13:13.И двете селекции продолжија со истиот стил на игра и во вториот дел. во 40. минута резултатот беше 16:16.

Тодоровска мораше да го напушти теренот поради повреда, ние остануваме без идеја во нападот. Шведска во 48. минута доаѓа до највисоко водство од четири погодоци 21:17.На четири минути пред крајот на натпреварот имавме еден гол негатива, меѓутоа немавме сили да направиме нешто повеќе. На крајот пораз од Шведска со 24:23.
Најпрецизна во нашиот тим беше Наталија Тодоровска која постигна 10 гола, Портјанко постигна 6 гола, Андреева имаше 7 успешни интервенции. На голот на Шведска нерешлива енигма за нашиот напад беше Грундстром со 16 одбрани, Алм постигна 8 гола.

 

 

{loadposition content9}