Skip to main content

Во Струга, нема дочек на Нова Година на градскиот плоштад

Вака одлучи струшкиот совет поради минималната саинтересираност од страна на граѓаните, да слават под отворено небо. Општината ќе посвети повеќе внимание на декорацијата на градот.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Struga
Струга
Вака одлучи струшкиот совет поради минималната саинтересираност од страна на граѓаните, да слават под отворено небо. Општината ќе посвети повеќе внимание на декорацијата на гадот.

Во Струга нема прослава за дочек на Нова Година. Ова стои во програмата која неодамна ја изгласа советот на општина Струга. Поради минималната заинтересираност на граѓаните да ја дочекаат Новата Година под отворено него, првиот човек  на градот одлучи годинава да нема никакво празнување. Граѓаните се со поделени ставови, дали треба да се организира прослава на градскиот плоштад. Едни велат нема потреба од вакви церемонии додека други дека би славеле на плоштад доколу се организира дочек под отворено небо.

 StrugaСтруга пред 10 години беше првата пилот општина која под отворено небо нејзините жители  ја дочека новата година. Тогаш заедно прославуваа 10 илјади граѓани а во последниве 3 години, едвај се собираат стотина прославувачи. Затоа се одлучивме на ваков потег, вели секретарот на о.Струга. Локалната самоуправа ќе се фокусира на декорацијата на градот. Во програмата за дочек на 2009-та година, не се предвидува некој посебен новогодишен амбиент за разлика од претходните години.
„Вие можете да го украсувате цел град и да направите нешто не вообичаено ако имате пари за тоа, но не треба да се претера во тоа. Доволно е да е тоа нешто што ќе му прилега на драдот“-вели Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.

Украсено ќе биде централното градско подрачје, влезовите на градот, а украсни елементи ќе се постават и по најголемите улици во Струга.
Во тек е тендерот за пријавување на понудувачи за декорацијата на градот. Гулицоски вели дека тој треба да заврши до деновиве,  а градот да се украсни најкасно до 20-сети овој месец. За украсување на градот со светлечки елементи од општинскиот буџет се одвоени 600 илјади денари, додека за декорација 36 илјади денари.

 

{loadposition content9}