Skip to main content

Охрид ќе се штити со закон

Законот за Охрид кој години наназад се најавува, веќе е изготвен.Со него ќе бидат регулирани голем број работи кои досега се провлекуваа и ја загрозуваат автентичноста на градот.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Aleksandar Nikolski
Александар Николоски
Законот за Охрид кој години наназад се најавува, веќе е изготвен.Со него ќе бидат регулирани голем број работи кои досега се провлекуваа и ја загрозуваат автентичноста на градот.

Долгонајавуваниот Закон за Охрид е веќе изготвен и се очекува наскоро да се најде во законодавниот дом. Министерстрвото за Култура и за животна средина заедно со охридските пратеници интензивно работат на него. Реализација на првата фаза на Законот се очекува во текот на овој месец па потоа Законот ќе оди на јавна расправа за да на крај се најде пред парламентарците.

OhridСо долгоочекуваниот Закон за Охрид ќе бидат регулирани голем број работи кои досега се провлекуваа и ја загрозуваат автентичноста на градот, вели парламентарецот Александар Николовски. Ќе се штити културното наследство, но и Охридското езеро како природна реткост.

И покрај ваквите најави , кај граѓаните останува дилемата дали донесувањето на овој Закон не е малку задоцнето бидејќи во последните десетина години во Охрид многу работи се направија кои го изменија неговиот лик засекогаш.

 

 

{loadposition content9}