Skip to main content

Во Вашингтон средба Коњановски – Фрид

Продолжувањето на македонско-грчките разговори за изнаоѓање прифатливо решение за името, интегрирањето на Република Македонија во НАТО и состојбата на Балканот, беа темите за кои синоќа во Стејт департментот разговараа министерот за одбана Зоран Коњановски и Даниел Фрид, помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Daniel Frid
Даниел Фрид

PentagonФрид изразил жалење затоа што администрацијата на претседателот Џорџ Буш не успеала да и помогне на Република Македонија да стане полноправна членка на Алијансата. Според него, администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама нема да ја промени политиката на САД кон Република Македонија. Во таа насока тој е убеден дека за многу брзо време ќе се изнајде решение за Република Македонија да стане членка на НАТО.

Министерот Коњановски го посети и Национаниот универзитет за одбрана, каде секоја година 54 земји испраќаат свои кандидати на дошколување. Во моментот магистерски студии посетуваат двајца македонски офицери. Претседателот на Универзитетот, Франсис Вилсон ја нагласи посветеноста и подготвеноста на македонските офицери, изразувајќи подготвеност да се продолжи соработката со Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.   Досега пет македонски офицери се стекнале со магистарски дипломи од Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон.

{loadposition content9}