Skip to main content

Судење за собраќајката на 25 септмври

Денеска започна третиот по ред претрес во врска со сообраќајката, во која на 25 септември оваа година трагично почина двајцата наши колеги од Супер радио и сограѓаните  Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски од Охрид.

 |  Ристе Јакимовски  | 
obvinet
обвинет
Денеска започна третиот по ред претрес во врска со сообраќајката, во која на 25 септември оваа година трагично почина двајцата наши колеги од Супер радио и сограѓаните  Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски од Охрид.

Процесот започна откако судијата Весна Кичец најпрвин ги повтори аргументите од предходните претреси, во кои се наведени условите и страните кои учествувале во настанот.

Бидејќи немаше никакви забелешки во однос на процедурата од страна на обвинението беа доставени анализите за алкохол во крвта и службените белешки од СВР Охрид. Следеше распит на обвинетиот и сопственикот, во врска со имотоправните детали, документацијата и техничките прегледи за исправнос на возилото.

obvinetОдбраната изјави дека обвинетиот жали за слученото но и тоа дека ја оспоруваат експертизата направена од страна на охридските експерти.
Побараа нова експертиза како и тоа да се вклучат останатита двајца возачи кои биле дел од мини конвојот кој се враќал за Албанија.

Од страна на обвинителството беше констатирано дека барањето за вклучување на нови сведоци е неосновано и непотребно за случајот а додека барањето за нова експертиза го остави на судијата да одлучи дали е потребна.
Откако судијата Весна Кичаец ги отфрли двете барања на одбраната го закажа наредниот претрес за 17ти овој месц на кој ќе се дадат завршните изјави во врска со случајот.

 

 

{loadposition content9}