Skip to main content

Т-Мобиле не ја коментира истрагата за проневера

Главниот извршен директор на T- Мобиле Мајкл Лоренс вели дека не може да излегува со коментари за истрагата на МВР за проневерата во „Македонски телеком“ што се поврзува со дел од поранешните раководители на компанијата, се додека таа трае.

Majkl Lorens
Мајкл Лоренс

„Не сме во состојба да коменираме се додека истрагата е во тек, но соработуваме со сите домашни и странски институции, на кои им се потребни какви било податоци“, рече Лоренс одговрајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Majkl LorensСпоред Жарко Луковски, главен оперативен директор на Т-Мобиле, компанија продолжува да работи согласно сите закони во Македонија.

„Можеби порано за случајот се знаело на основа на шпекулации, а сега веројатно МВР има некои сознанија и тоа е во нивниот делокруг на работење. Компанијата продолжува да работи согласно законите“, рече Луковски.

МВР завчера поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и проневера на околу четири милиони евра против поранешниот директор на  „Македонски телеком“ Атила Сендреи и тројца негови соработници.

{loadposition content9}