Skip to main content

Противракетниот штит повторно актуелен

Спорниот план за изградба на американски противракетен штит во Источна Европа ќе биде централна тема на посетата на главниот преговарач на САД Џон Руд на Москва.

 |  Крсте Голабовски  | 
John Rudd
Џон Руд
Спорниот план за изградба на американски противракетен штит во Источна Европа ќе биде централна тема на посетата на главниот преговарач на САД Џон Руд на Москва.

Руд, кој, како што е најавено денеска треба да пристигне во Москва, со руските домаќини ќе разговара и за договор, што треба да ја замени Спогодбата за ограничување на стратешко оружје Старт 1, чија важност истекува во декември идната година.

interkontinentalna raketaМосква остро се противи на американските планови за распоредување на десетици ракетни пресретнувачи во Полска и радар во Чешка, бидејќи смета дека тие претставуваат стратешка закана и за Русија.

САД смета дека штитот е потребен за заштита на Европа и САД од „опасни“ држави како што е Иран, а Русија неодамна ја отфрли американската понуда Москва да има пристап и надзор до пресретнувачите и радарот.

 

 


{loadposition content9}