Skip to main content

6 -ти Аматерски театарски фестивал ГАРАВДЕ МУЈА

Со свечена церемонија денеска во центарот за култура „Григор Прличев“ започнува шестиот по ред фестивал на аматерски театар „ГАРАВДЕ МУЈА“ или скриени лица. Ќе учествуваат неколку театарски трупи од Македонија, Србија, Хрватска и Албанија.

 |  Ристе Јакимоски  | 
plakata
плаката
Со свечена церемонија денеска во центарот за култура „Григор Прличев“ започнува шестиот по ред фестивал на аматерски театар „ГАРАВДЕ МУЈА“ или скриени лица. Ќе учествуваат  неколку театарски трупи од Македонија, Србија, Хрватска и Албанија.

Поканети се сите влубеници во тетатарската и ромската уметност.
Овој фестивал се одржува во Македонија по шести пат, но за прв пат во Охрид.
Заслепени од убавините на Охрид, членовите на театарската трупа „Сано е Романорум“ од Србија забрзано се подготвуваа за денешниот настап, каде пред охридската публика ќе ја прикажат представата „Како е така е“.

GalicicaОваа представа премиерно е изведена на почетокот од годинава и имала повеќе од 30 репризи низ цела Србија.
Режисерот на представата и директор на театарската трупа, не го криеше задоволството од можноста да учествува на годинешниот фестивал и изрази желба за понатамошна соработка со Македонските театарски куќи.
Во таа насока оди и организацијата на фестивал на интернационално ниво и во Србија.

Треба да се потенцира дека овај настан е единствен од ваков карактер во Македонија. Учесниците на настанот ке се претставуваат на Ромски и на јазикот од земјата од која доаѓаат.

Како што истакнаа учесниците, фестивалот е од ревијален карактер и влезот е салободен.Но затоа амбицијата за добра изведба, е уште една срдечна покана кон охридската публика, да присуствува на овај настан.

 

{loadposition content9}