Skip to main content

Пензионерите имаат уште шест месеци за да отворат трансакциона сметка

Министерството за транспорт и врски го пролонгира рокот за отварањетрансакциона сметка кој првично беше до 15 ноември. Со ова еден проблем се реши, велат од охридското здружение на пензионерите, но остана проблемот со прибирањето на средствата за солидарниот фонд.

 |  Лионела Јаковлева  | 
penzioneri
пензионери
Министерството за транспорт и врски го пролонгира рокот за отварањетрансакциона сметка кој првично беше до 15 ноември. Со ова еден проблем се реши, велат од охридското здружение на пензионерите, но остана проблемот со прибирањето на средствата за солидарниот фонд.

Пензионери кои сеуште немаат отворено  трансакциона сметка може да здивнат. Министерството за труд и социјала го пролонгира рокот за шест месеци.
Сите пензионери во овој период се обврзани да отворат трансакциона сметка со што своите пензиите ќе ги подигаат само од банка. Претседателот на Здружението на пензионери во Охрид, Ѓорѓи Трпчевски кажува дека со ова се создава проблем за оние пензионери кои не се во состојба пензијата да ја подигаат на овој начин. Банките бараат можност како да им ја достават пензијата на пензионерите кои не се во можност сами да одат во банка. Едно од нив е и поставувањето банкомати особено во руралните средини. Доколку пак сакаат пензијата да им се исплати преку пошта ќе треба да платат одреден надомест за услугата. Трпчевски вели дека министерството бара начин за регулирање на висината на овој надомест.

smetkiЕден проблем на оваа популација на граѓани се надмина кажува претседателот на охридското здружение на пензионерите, но остана проблемот со средствата од солидарниот фонд додава тој. Веќе два месеци не се задржуваат пари за оваа намена од страна на ПИОМ.

Од Министерството за труд и социјала  не сакаа да коментираат на оваа тема па решението на овој проблем останува и понатаму да лебди во воздух.

 

 

{loadposition content9}