Skip to main content

Жителите од улицата Петар Поп Арсов немаат прописен ни влез ни излез

Околу 100 семејства, жители на  улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови.

 |  Валентина Нелоска  | 
ulica
улица
Околу 100 семејства, жители на  улицата Петар Поп Арсов, на 400 метри од строгиот градски центар, се жалат на лошите комунални услови.

За да дојдат до своите домови жителите веќе  25 години поминуваат   низ бројни препреки. Костадин Стеваноски вели немаме  прописен ни влез ни излез, па со возилата влегуваме  по Булевар Туристичка, а нема жител од улицата кој при тоа не заработил казна.

Разминувања на две  возила на улицата е невозможно, при тоа безбедноста  на пешаците е доведена во опасност.  Мете Мавмудоски, исто така  жител на оваа улица револтиран е на своите соседи кои подигаат огради и ја намалуваат ширината на и онака тесната улица. Тој се прашува до кога инспекциските служби ќе ги толерираат таквите постапки.

ulicaЖителите од улицата Петар Поп Арсов  потенцираат , платиле комуналии и  сакаат нивните проблеми да бидат решени. Велат  доста ние да носиме огревно дрво  на раце,  да плаќаме даноци, а да немаме канализација и да газиме по каллива улица, додава и Стојан Трајчески.

Од локалната самоуправа потврдуваат дека на улицата нема дождовна канализација, но дека ваква канализација  нема и во поголемиот  дел  од градот. За да се пробие излез на улицата објаснуваат дека со сопствениците на земјата не  постигнале спогодбена експопријација. Најприфатливо решение според локалната е измена на урбанистичкиот план, а оваа фаза  е во постапка.

 

 

{loadposition content9}