Skip to main content

ВМРО си отвори институт

Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е  формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Dejan Panoski
Дејан Паноски
Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е  формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот.

Се отвори Институт за македонско наследство. Тој е  формиран и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ а го носи името на Павел Шатев. Дејан Пановски , ќе го раководи Директоратот за животна средина и природни реткости во рамките на Институтот. Екс државниот секретар за животна средина избран е и за  член на Бордот на директори.

„Ваквата чест и доверба се  валоризација на долгогодишното стручно градење на капацитетот и работата во сферата на управувањето со животната средина. Експертското ниво заедно со политичката поддршка од партијата верувам ќе придонесе за лична политичка надградба но и ќе биде прилика да се придонесе кон изнајдување на решенија за актуелните проблеми согласно целите на самиот Институт“, рече Дејан Паноски.

Prespansko ezeroИнститутот „Павел Шатев“ ќе се занимава со истражувачки активности како и анализа на проблемите со кои се соочува земјата на национално и на локално ниво.  Институтот е насочен кон повеќе полиња. Тој ќе оспособува на партиските кадри, но и луѓе со десна демохристијанска политичка определба. Седиштето на овој институт ќе биде во Охрид.

„Добар дел од активностите на Директоратот ќе бидат насочени кон потребите на Охрид и регионот. Затоа ќе се обидам да ги интегрирам сите квалитетни охридски кадри од разни профили за да можеме да дојдеме до вистински решенија на проблемите“, потенцира Пановски.

Претседател на Институтот е д-р Панде Лазаревски , генерален секретар е пратеникот Оливер Шамбевски,а Александар Николовски, охридскиот пратеник е член на Управниот одбор на Институтот.

 

 

{loadposition content9}