Skip to main content

Реконструкцијата на куќата на Уранија ќе почека

Обновувањето на куќата на Уранија сеуште е во застој. Иако се очекуваше обновата да биде готова до почетокот на туристичката сезона, сепак можно е тоа да се пролонгира за неколку месеци.

 |  Ристе Јакимовски  | 
kukata na Uranija
куќата на Уранија
Обновувањето на куќата на Уранија сеуште е во застој. Иако се очекуваше обновата да биде готова до почетокот на туристичката сезона, сепак можно е тоа да се пролонгира за неколку месеци. 

Веќе подолг период Куќата на Уранија е во процес на обновување. Овие денови се стопира обновата, поради очекување одобрение од страна на Комисијата за јавни набавки. За подетални информации се обративме во Завод и музеј на град Охрид.

kukata na UranijaСопственикот на компанијата „Виа“ од Вевчани поради сомневање во постапката за  доделувањето на договорите за исполнување на проектот, поднел жалба до комисијата за јавни набавки.
Тој изјави дека како и секој друг сопственик, ги штити интересите на фирмата која ја води.
Од заводот и музеј на град Охрид е испратен извештај до комисијата за јавни набавки во кој е објавен начинот за доделување на проектот и термините за објавување на тендерите.
Во врска со сите овие случувања, од страна на директорот на музејот, Тања Бунташеска ќе биде свикана прес конференција, веднаш штом ќе стигне одговорот од страна на комисијата за јавни набавки.

Иако се очекуваше обновата на Куќата да биде готова до почетокот на туристичката сезона, сепак можно е таа да се пролонгира за уште неколку месеци.

 

 

{loadposition content9}