Skip to main content

Ив Лотерм не се враќа на функцијата премиер на Белгија

Белгискиот премиер во оставка Ив Лотерм ја исклучи можноста повторно да ја преземе функцијата, наведувајќи дека прво сака „да го исчисти своето име и авторитетот на својата екипа од секакви сомнежи“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Iv Loterm
Ив Лотерм
Белгискиот премиер во оставка Ив Лотерм ја исклучи можноста повторно да ја преземе функцијата, наведувајќи дека прво сака „да го исчисти своето име и авторитетот на својата екипа од секакви сомнежи“.

Лотерм поднесе оставка во петокот поради случајот со банката „Фортис. Министерот за правда и институционални реформи Јо Вандаурзен, исто така, поднесе оставка по тврдењата на претседателот на Суд дека има „важни индикации“ за притисок од Владата врз судиите во случајот со национализираната банка „Фортис“.

Iv LotermСлучајот е поврзан со претходната пресуда на бриселски суд со која на малите акционери им беше дадено право да се произнесат дали ја одобруваат или не, продажбата на белгиските активи на банката која се наоѓа во тешка финансиска состојба. Во обид да се спаси „Фортис“ од банкрот, Владата одлучи да ги „национализира“ белгиските активи на банката. Помалите акционери се спротиставија на таквата одлука. Според нив, банката е „подарена“ на БНП Парибас банката откако француската банка се ангажира да плати само седум милијарди долари.

 

 

{loadposition content9}