Skip to main content

Продолжи судскиот процес против Лазе Радески

Истрагата продолжи со распит на сведоци. Меѓу нив и вешто лице кое рече дека жртвите биле убиени на свиреп начин.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Laze Radeski
Лазе Радески
Истрагата продолжи со распит на сведоци. Меѓу нив и вешто лице кое рече дека жртвите биле убиени на свиреп начин.

Судскиот процес против Лазе Радески продолжи со распит на сведоците.
Први сведочеа Ќазим Осман и Александар Ангелоски, вработени во автопералната Радио такси- бел мерцедес.Тие кажаа дека обвинетиот во февруари 2007 неколку пати го донел своето возило на миење. Во еден наврат, тие одбиле да го исчистат згрозени од гледката, затоа што на седиштата имало траги од свежа крв. Радески сам го исчистил возилото, објаснувајќи дека е ловец и дека крвта е од уловено животно.

 

Laze RadeskiОсман истакна дека во багажникот на возилото имало чекан, секира и алати, а предното странично стакло било скршено.

Пред судот, како сведок се појави и Весела Гогова, чија фирма се наоѓа до дуќанот во кој работел обвинетиот. Кажа дека како соседи ги познава Радески и Спиро Ставрески, за кој потенцира дека бил добар и чесен човек од кого во повеќе наврати купувала девизи.

Свој исказ даде и вешто лице- експерт по судска медицина од Битола, кој ја извршил обдукцијата на телата на Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.  Според наодот, и двајцата биле убиени на свиреп начин. Починале од зададени бројни удари со тап предмет во пределот на главата.
Судскиот процес против Радески ќе продолжи на 20 јануари 2009.

 

{loadposition content9}