Skip to main content

Армстронг го следат на секој чекор

Членовите на меѓународинте допинг агенции во чекор го следат Ленс Армстронг за време на неговиот пробен период.

 |  Крсте Голабовски  | 
Lens Armstrong
Ленс Армстронг
Членовите на меѓународинте допинг агенции во чекор го следат Ленс Армстронг за време на неговиот пробен период.

Седумкратниот победник на Тур Де Франс тврди дека бил тестиран 11 пати во последните 18 недели и два пати во последните 4 денови. Последното тестирање го извршија претставници на Меѓународната велосипедска унија во четвртоткот во куќата на Армстронг во Тексас.

„МВУ испрати човек од германија само за да ме тестира, а тоа зборува многу. Бев во работилницата после четири часовно возење кога слушнав дека дошле повторно„ изјави Армстронг.

Lens ArmstrongАрмстронг, кој во професионалниот велосипедизам се враќа следната година, после тригодишна пауза, ставен е на пробен период од страна на американската анти-допинг агенција на почетокот на август месец и ќе мора да ги мине сите тестови пред да неговото враќање стане официјално.

Американецот неколку пати е обвинет за користење на допинг, а најголемото обвинение следуваше од страна на француските спортски весници во 2005 година, кога новинарите тврдеа дека шесте примероци земени од Армстрон за неговата прва победа на Тур во 1999 година биле позитивни на ЕПО. Армстронг ги негираше обвиненијата, а МВУ го ослободи од сите обвиненија во 2006 година.

 

 

 
{loadposition content9}