Skip to main content

Причина за падот на цесната, човечки фактор

Човечки фактор е причина за падот на Цесната кај излетничкото место Скребатно.

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
Човечки фактор е причина за падот на Цесната кај излетничкото место Скребатно.

Ова стои во извештајот кој по изминати три месеци од несреќата, конечно е готов. Поточно, во извештајот како причина се наведува: непочитување на стандардите и пропишаните правила и прописи за управување со овој вид авион, односно како виновен се наоѓа пилотот.
Се очекува деновиве, извештајот да се достави до истражниот судија, Весна Кичеец.

avionska nesrekaВрз основ на извештајот и прибраните доказни материјали, судијата ќе треба да изготви записник, кој потоа ќе биде доставен до Јавното обвинителство кое ќе треба да одлучи дали постои основ за  продолжување на истрагата.

Инаку, малиот авион од типот  CESSNA се урна  на 28 август кај излетничкото место Скребатно, каде илјадници луѓе го прославуваа празникот Успение на Пресвета Богородица. Во несреќата животот го загубија 4 лица, меѓу кои и пилотот.

 

 

 {hwdvideoshare}86{/hwdvideoshare}

 

 

{loadposition content9}