Skip to main content

Премиерот Никола Груевски во посета на Црна Гора

Премиерот Никола Груевски денеска  ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. Во владината делегација ќе бидат и министрите за транспорт и врски и за економија Миле Јанакиески и Фатмир Бесими.

Nikola Gruevski
Никола Груевски
Премиерот Никола Груевски денеска  ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. Во владината делегација ќе бидат и министрите за транспорт и врски и за економија Миле Јанакиески и Фатмир Бесими.

Попладне во Подгорица Груевски ќе има средба со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ.

ПодгорицаПретседателот на македонската Влада ќе биде примен и од претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ.

Предвидено е да има средба и со претставници на Друштвото за македонско-црногорско пријателство и на Националната заедница на Македонците во Црна Гора.

 

 

{loadposition content9}