Skip to main content

Екипажот на Меѓународната вселенска станица го празнува Божик во вселената

Божик денеска се празнува не само од католиците на земјата, туку и од тие кои се наоѓаат во вселената.

 |  Крсте Голабовски  | 
ekipaz
екипаж
Божик денеска се празнува не само од католиците на земјата, туку и од тие кои се наоѓаат во вселената.

Екипажот на Меѓународната вселенска станица (МКС) ќе го празнува католичкиот Божик со подароци, кои им беа доставени со вселенскиот брод „Прогрес М-01М“ уште пред еден месец, како и со вистинска божиќна елка.

ekipazАстронаутите од НАСА Мајкл Финк и Сандра Магнес, како и нивниот руски колега Јуриј Лончаков, планираат за време на празникот да ги гледаат нивните омилени филмови и да ја слушаат омилената музика.

На МКС атронаутите планираат да одбележат уште три празници во следните три месеци. Прво тие ќе слават Нова година, потоа православниот Божик на 7 јануари и Денот на жената на 8 март.

 

 

{loadposition content9}