Skip to main content

Деветнаесет повредени и илјадници евакуирани во земјотреси во Кина

Деветнаесет лица се повредени, а илјадници се евакуирани во три земјотреси што го погодија југозападниот дел на Кина, јавија денеска кинеските медиуми.

 |  Крсте Голабовски  | 
Hunan
Јунан
Деветнаесет лица се повредени, а илјадници се евакуирани во три земјотреси што го погодија југозападниот дел на Кина, јавија денеска кинеските медиуми.

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Жујли во провинцијата Јунан при што 19 лица се повредени.Претставник на локалната власт соопшти дека околу 10.000 лица се евакуирани.

HunanЗемјотрес со интензитет од 4,3 степени е почувствуван во село во близина на главниот град на Јунан, Кунмин.Третиот земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтер е регистриран во провинцијата Гуејџоу, но нема информации за жртви и причинета материјална штета.

 

 

{loadposition content9}