Skip to main content

Алекс Фергусон внимателен со финансиите

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сака да  ја заврши сезоната со играчите со кои моментално располага.

 |  Крсте Голабовски  | 
Alex Ferguson
Алекс Фергусон
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сака да  ја заврши сезоната со играчите со кои моментално располага.

 

Тој потврди дека нема намера да го проширува играчкиот кадар барем не на почеткот на годината и изјави:

„Мислам дека нема да има трансфери во јануари во нашиот тим. Среќен сум со тоа што го имам“.

Сер Алекс Фергусон смета дека се во можност да ја одбранат титулата со моменталниот кадар.

„Ќе вратиме неколку младински играчи кои се на позајмица. Земав 23 фудбалери во Јапонија и сите тие се многу значајни играчи. Би бил среќен да играм со секој од нив.

Освојувањето на трофејот беше одлично достигнување. Играчите покажаа ентузијазам и поминавме одлично“, додаде Фергусон.

 

{loadposition content9}