Skip to main content

Одбележан јубилејот на здруженито Карабеј махале

Турската заедница во текот на изминатиот период остварила голем број активности. За соработка се отворени кон сите заедници.

 |  Валентина Нелоска  | 
Karabejmahale
Карабејмахале
Турската заедница во текот на изминатиот период остварила голем број активности. За соработка се отворени кон сите заедници.

Турската етничка заедница го одбележа  10 годишното постоење  на здружението на  граѓани Карабеј махале. Беа презентирани  нивните активности, фолклор и специјалитети од  турската кујна. Преставниците на оваа етничка заедница се обидуваат да ја зачува својата култура и традиција.

свеченостПоследните години во реалзиација на  проектите и активностите имаат  подршка од турската агенција за развој и соработка. Во изминативе години ги истакнуваат одбележувањата на 60 години од турскиот фолклор  на културно – уметничкото друштво Кардашлик, како и Денот на турскиот јазик во образованието. Во периодот кој престои  ќе се насочат на помош на учениците кои покажуваат особен успех во изучување на турскиот јазик.

Покрај јубилејот, преставниците на турската етничка зедница ја одбележа и неделата на Мевљана. Доц. д-р Емин Ашак одржа предавање за неговото значење, творештво и личност. На одбележувањето  на 10 годишнината беа доделени и плакети за подршката на здружението Карабеј махале. Плакети им беа врачени на Изет Ариф, Синан Улуанд, Доц. д-р Емин Ашак и Али Маскан.

 

 

{loadposition content9}