Skip to main content

Годинава што изминува од Свр Охрид ја оценуваат како поуспешна од ланската

За тоа говорат податоците според кои речиси сите видови на криминалитет во 2008 се намалени за повеќе од 10%.

 |  Лионела Јаковлева  | 
SVR
СВР
За тоа говорат податоците според кои речиси сите видови на криминалитет во 2008 се намалени за повеќе од 10%

Свр Охрид ги сумира резултатите од годинава што изминува. Во текот на 2008 година, во Охрид, регистрирани се вкупно 934 казнени дела. Зголемување за 10 % е регистрирано само кај класичниот криминалитет. Кај останатиот криминалитет, во 2008 година, во споредба со ланската, СВР Охрид бележи намалување: за 8 % во економскиот, за 33 % во организираниот и за 3 % во недозволената трговија со дрога и оружје.

Stefan DimoskiВкупниот бој на регистрирани прекршоци во 2008 година изнесува 6 194, што во споредба со ланските значи намалување за 15 %. Во областа на ЈРМ регистрирано е намалување за 38 % додека кај сообраќајните прекршоци, регистрирано е намалување за 14 %. Смалена е и бројката на загинати лица. Во кривичните дела против животот и телото, регистрирани се 62 од кои 3 се КД ,, Убиство,,  27 КД ,,Телесна повреда,,, 17 КД,,Тешка телесна повреда,, и.т.н. Во КД против половата слобода и морал, регистрирани се 7 од кои 2 КД,,Силување,, 2 КД,,Облуба врз немоќно лице,,, 1 КД,,Полов напад врз дете,, и 2 КД ,,Задоволување полови страсти пред друг,,.

Од Свр Охрид велат дека во нареднава година продолжуваат со транспарентно работење се со цел јавноста навремено и точно да биде информирана во врска со случувањата во МВР.

 

 

{loadposition content9}