Skip to main content

Овен од јануари во Интер?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Жозе Мурињо активно работи на носењето на новиот напаѓач во Интер, додека најголема желба за зимксиот преоден рок му е Мајкл Овен.

 |  Крсте Голабовски  | 
Majkl Oven
Мајкл Овен
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Жозе Мурињо активно работи на носењето на новиот напаѓач во Интер, додека најголема желба за зимксиот преоден рок му е Мајкл Овен.
На напаѓачот на Њукасл договорот му истекува на крајот на сезоната, што е олеснителна околност за Мурињо, кој досега во главно нишанеше на играчи со повеќегодишни договори. Португалскиот експерт од доаѓањето во Интер безуспешно се обидуваше да најде идеален напаѓач кој би играл во тандем со Златан Ибраимовиќ но смета дека Овен е одлично решние.

 

Мajkl OvenМурињо потврди дека негов приоритет е во јануари да донесе нов напаѓач, бидејќи Жулио Круз и Виктор Обина не се истакнаа пред неверојатниот швеѓанец.
Интер најверојатно ќе се обиде да направи замена со англискиот клуб на кој ќе му го испратат Давид Суазо, бидејќи ќе му истекне договорот за позајмица во Бенфика.
Ова би било најубаво решение за тренерот рпед крај на сезоната, кога се има намера во клубот да се донесе Дијего Дрогба, кој претходно тренираше во Челзи.

 

{loadposition content9}