Skip to main content

Дирекцијата за храна утре ќе изврши увид во состојбата на сите пазари

Министерството за здравство и инспекторите од Дирекцијата за храна, во согласност со важечките законски прописи и принципите на ХАСАП системот, кој стартува од утре, в петок ќе извршат увид на состојбата на сите пазари во Македонија и во објектите лоцирани во рамки на пазарите.

hrana
храна

Како што соопшти Министерството за здравство, инспекторите за храна советодавно ќе делуваат врз производителите и трговците со храна и ќе ги информираат за законските обврски за почитување на условите за добра производна и добра хигиенска практика кои задолжително треба да ги обезбедат и да ги почитуваат правните субјекти кои стопанисуваат со пазарите во Република Македонија.
Со примена на принципите на ХАСАП системот се минимизираат ризиците и опасностите за загадување на храната, а со тоа и ризиците од појава на болести и труења со храна.

kujnaСо цел да олесни воведувањето на ХАСАП принципите, Министерството за здравство обезбедува соодветна обука за сите заинтересирани субјекти вклучени во ланецот на производство и трговија со храна.

{loadposition content9}